При преодот од летна во зимска сезона, кога надворешните температури паѓаат, време е за промена на пневматиците на вашето возило. Летните гуми на ниски температури стануваат тврди, со што комфорот може да ви стане најмал проблем во возењето. Покрај неудобноста во возењето, се зголемува и ризикот од пролизгување затоа што така крутите пневматици ја немаат способноста да се “залепат” за асфалтот и да го “зграбат” свиокот. Патот на кочење со летни пневматици во зимски услови пак, значително се зголемува.
Истото се однесува и за летните пневматици.
Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари затоа што сте супиле само еден сет на гуми. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејќи нивниот дизајн создава поголем отпор со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што влијае врз удобноста на патувањето. Во суштина, ако возите зимски гуми во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ги потрошите побрзо и дека ќе мора да купите нови во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона.