Автовозач – ФЕР е станица за технички преглед и регистрација на сите видови на возила. Станицата ги исполнува сите државни и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на возила. Располага со најсовремени дијагностички апарати и уреди за утврдување на техничката состојба на моторните возила.
Покрај овие услуги, Автовозач-ФЕР Ви нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на возила, и дополнителни услуги со кои се обезбедуваат комплетни и софистицирани решенија за сите Ваши потреби.
Станицата работи секој ден од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот. Во станицата работи и референт од МВР задолжен за продолжување на регистрација, издавање на сообраќајни дозволи и регистарски таблички. Во самата станица за технички преглед можат да се уплатат сите давачки околу издавањето на таблици , сообраќајни дозволи, административни такси и налепници за регистрација.
Во станицата има и брокерско друштво каде можете да го осигурате Вашето возило, да направите каско осигурување или да извадите зелен картон.
Станицата е во целосна комплетентност во секој момент да може да одговори на вашите потреби.
Наши Вреднисти и Цели
Настојуваме да се издвоиме себе си преку постојано создавање на дополнителна вредност преку обезбедување на врвна услуга – навремена, квалитетна и професионална, услуга која ја заслужуваат сите наши клиенти и корисници.
Се стремиме кон бескомпромисен квалитет на сите наши услуги, преку континуирана имплементација на најновите технологии и стандарди. Приматот и целта на Автовозч-ФЕР е брз и ефеикасен одговор на вашите барања со воспоставување пријателска атмосфера и блиска соработка со секој наш клиент.