Автовозач-Фер нуди чување на вонсезонските пневматици во хотел за гуми.
Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.
Ако спаѓате во категоријата возачи кои гумите ги чуваат дома, треба да знаете дека во најголем дел од случаите чувањето е неправилно. Гумите или се неправилно наредени или се несоодветно складирани или се изложени на надворешни влијанија. Неправилното складирање на пневматиците значително ја намалува безбедноста при возењето.
Зошто хотел за гуми?
- Идеални услови на чување
Сите пневматици се складираат според правилата пропишани од производителот, односно на специјални сталажи така што притисокот е на повеќе точки на гумата, се со цел истата да не се деформира, односно да се избегне секакво искривување на гумите. Гумите не се изложени на никакво влијание на надворешни услови, хемикалии, влага и особено сонце.
- Се продолжува “животниот” век на гумите
Со правилно чување на вонсезонските пневматици се исклучуваат сите можни надворешни фактори за уништување со што се продолжува нивниот век на употреба.
- Заштеда на простор
Доколку немате гаража или подрум, оваа услуга е идеална за Вас.
Оставајќи ги пневматиците на чување во хотелот за гуми на Автовозач-Фер освен што гумите ги оставате во рацете на професионалци, штедите и драгоцено време затоа што при следната промена доаѓате за закажан термин, а гумите ве чекаат веќе подготвени за монтажа.
Автовозач-Фер ја презема целата грижа за Вашите гуми.
Прием и евидентирање на гумите
Откако ќе се примат гумите, се внесуваат следните податоци за истите:
- Производител и модел на гумите
- Дата на производство на гумите
- Идентификационен број кој е единствен за секоја гума
- Длабочина на шара
- Отцена на истрошеност
Со цел да се продолжи животниот век на гумите се чуваат во посебно опремен простор.
При складирање, гумите се чистат од кал и камчиња. Потоа се редат на специјални полици, заштитени од сончева светлина, влага и штетни хемикалии ( бензин, масло, …) кои може да предизвикаат несакана реакција врз гумата.