При преодот од летна во зимска сезона, кога надворешните температури паѓаат, време е за промена на пневматиците на вашето возило. Летните гуми на ниски температури стануваат тврди, со што комфорот може да ви стане најмал проблем во возењето. Покрај неудобноста во возењето, се зголемува и ризикот од пролизгување затоа што така крутите пневматици ја немаат способноста да се “залепат” за асфалтот и да го “зграбат” свиокот. Патот на кочење со летни пневматици во зимски услови пак, значително се зголемува.
Истото се однесува и за летните пневматици.
Кога температурата ќе се зголеми, зимските пневматици стануваат претерано меки, а тоа ги прави лесни за прегревање и деформирање. Погрешно е мислењето дека со користење на зимски гуми во текот на летото ќе заштедите пари затоа што сте супиле само еден сет на гуми. Напротив, зимските гуми ја зголемуваат потрошувачката на гориво бидејќи нивниот дизајн создава поголем отпор со што се зголемува и веројатноста за оштетување на самиот пневматик. Исто така, зимските гуми се погласни од летните, особено на мазен и сув асфалт, што влијае врз удобноста на патувањето. Во суштина, ако возите зимски гуми во лето, не само што постои голема веројатност дека ќе ги потрошите побрзо и дека ќе мора да купите нови во зима, туку и дека ќе платите и многу повеќе за гориво отколку кога возите соодветен пневматик во соодветна сезона.
Често пати се случува возачите да се жалат на тресење на возилото при одредена брзина, како и бучава или зуење од патот. Ова се показатели за можна нарушена геометрија на тркалата за што е потребно центрирање на трапот на возилото.
Центрирањето на трап претставува усогласување на аглите на тркалата со цел тие да бидат нормални на подлогата, а истовремено да бидат и меѓусебно паралелни. Целта на ова подесување е подобро држење на правец на автомобилот на рамен пат и секако, зголемувањето на животниот век на гумите.
Имајќи ги предвид условите на нашите патишта, како и лошите навики на нашите возачи за качување на тротоари и преминување преку големи дупки, потребно е периодично да се врши преглед на состојбата на трапот, со што се обезбедува сигурно возење и правилно трошење на гумите.
Препораката е оваа проверка да се врши еднаш годишно или на поминати 10.000 км.
Автовозач-Фер нуди чување на вонсезонските пневматици во хотел за гуми.
Сезонските гуми претставуваат голема инвестиција и поради тоа треба одговорно да ги чуваме. За чување на гумите потребни се адекватни услови со цел да го одржат својот квалитет, рок на траење и подготвено да ја дочекаат следната сезона.
Ако спаѓате во категоријата возачи кои гумите ги чуваат дома, треба да знаете дека во најголем дел од случаите чувањето е неправилно. Гумите или се неправилно наредени или се несоодветно складирани или се изложени на надворешни влијанија. Неправилното складирање на пневматиците значително ја намалува безбедноста при возењето.
Зошто хотел за гуми?
Идеални услови на чување
Сите пневматици се складираат според правилата пропишани од производителот, односно на специјални сталажи така што притисокот е на повеќе точки на гумата, се со цел истата да не се деформира, односно да се избегне секакво искривување на гумите. Гумите не се изложени на никакво влијание на надворешни услови, хемикалии, влага и особено сонце.
Се продолжува “животниот” век на гумите
Со правилно чување на вонсезонските пневматици се исклучуваат сите можни надворешни фактори за уништување со што се продолжува нивниот век на употреба.
Заштеда на простор
Доколку немате гаража или подрум, оваа услуга е идеална за Вас.
Оставајќи ги пневматиците на чување во хотелот за гуми на Автовозач-Фер освен што гумите ги оставате во рацете на професионалци, штедите и драгоцено време затоа што при следната промена доаѓате за закажан термин, а гумите ве чекаат веќе подготвени за монтажа.
Автовозач-Фер ја презема целата грижа за Вашите гуми.
Прием и евидентирање на гумите
Откако ќе се примат гумите, се внесуваат следните податоци за истите:
Производител и модел на гумите
Дата на производство на гумите
Идентификационен број кој е единствен за секоја гума
Длабочина на шара
Отцена на истрошеност
Со цел да се продолжи животниот век на гумите се чуваат во посебно опремен простор.
При складирање, гумите се чистат од кал и камчиња. Потоа се редат на специјални полици, заштитени од сончева светлина, влага и штетни хемикалии ( бензин, масло, …) кои може да предизвикаат несакана реакција врз гумата.
“АНТИФРИЗ” е течност која се употребува за ладење на моторите со внатрешно согорување. Сите системи за ладење на мотори кај новите возила се наполнети со оваа течност.
Вообичаено за нашето поднебје, антифризот е подготвен да не замрзне на -36 до -40 степени целзиусови.
Овој податок е многу важен да се знае за да се избегнат тешки оштетувања на моторот (пукнатини на блок на мотор, глава на мотор) кои би можеле да се случат во текот на зимата при ниски температури. Точката на мрзнење може да се измери со уред, бесплатно во сервисот на Автовозач-Фер
Покрај тоа што го лади моторот, антифризот има и антикорозивно дејство т.е. ја штити внатрешноста на моторот од корозија. Со текот на времето, антифризот се заматува, потемнува, а тоа е знак дека го губи антикорозивното своиство. Доколку заматен антифриз се употребува подолго време може да дојде до затнување на водовите во ладилникот (моторот прегрева) или радијаторот за парно (нема греење во кабината).
Практично антифризот треба да се замени со нов доколку точката на мрзнење не е доволно ниска или доколку е заматен (потемнет).
Антифризот кај возилата се менува на секои 2 години или 4 години во зависнот од препораките на производителот на возилото и употребениот антифриз кој е најчесто со сина или зелена боја.
Антифризот со најчесто црвена боја е таканаречен траен антифриз (Long Live) и не се менува, освен во случаи кога е разреден со вода под дозволената точка на мрзнење или е заматен (потемнет).
Антифризот во трговијата може да се купи како концентриран (-80 ст.цел.) кој пред употреба треба да се разреди со вода или веќе подготвен за употреба (-40 ст.цел.).
Многу возачи се уште не ставиле летни гуми, а има и такви кои користат зимски гуми во текот на целата година. Кај нас од 15 Март, согласно регулативата, повеќе не е потребно да се користи зимска опрема во сообраќајот. Експертите и производителите на гуми советуваат употреба на летни гуми на температури над 15С°. На повисоки температури, летните гуми обезбедуваат поголема безбедност, подобро управување, потпирање и помала потрошувачка на гориво. Со изборот на вистински гуми и соодветно внимание кон нив, значително влијаеме на нашата безбедност и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Поради тоа се препорачува дека, без оглед на бројот на километри, со доаѓањето на топлите денови треба да се одлучите за летни гуми, а зимските внимателно да се складираат до следната сезона. Како што сугерира нивното име, летните и зимските гуми се специјално прилагодени за возење под одредени услови и затоа се разликуваат како по надворешниот дизајн, така и по хемискиот состав на гумената смеса. Зимските гуми на површината имаат дополнителни гумени шилци кои обезбедуваат подобра тракција во снег и мраз, а летните гуми на контактната површина имаат поголеми и посилни блокови кои во свиоци и при кочење помалку се набиваат. Таквата конструкција овозможува подобра тракција, подобро ракување и пократко растојание за сопирање, кое во критични ситуации може да биде одлучувачки важно. Разликата во должината на растојанието за сопирање помеѓу зимските и летните гуми, на температура над 15С°, може да биде и до шест метри во корист на летните гуми, што е речиси една петина од патот за запирање на модерен автомобил, при кочење со брзина од 100 km/h.
Зимските гуми се значително помеки и затоа се однесуваат подобро на температура до седум степени. Но, ако возиме со нив во летната сезона, тие почнуваат да се загреваат, стануваат покрути и ги губат своите карактеристики. Под овие услови, во споредба со летните гуми, има многу повеќе абење и потрошувачка на гориво. Со цел зимските гуми да ги задржат своите добри карактеристики следната сезона, покрај правилната употреба, исто така е важно и соодветното складирање. Пневматиците за цела година (Аll Season) , како што е наведено со нивното име, наменети се за употреба во текот на целата календарска година и во сите услови. Тие се еден вид компромис и обично немаат така добри перформанси како зимските или летните гуми.
Возачите се во недоумица дали е потребно пред купувањето да се проверува датумот на производство, таканаречената ДОТ ознака.
Но, ова не е прашање кое ги мачи само македонските возачи, туку е глобална дилема за која производителите на пневматици години наназад се обидуваат да дадат конкретен одговор и да им обезбедат на купувачите безгрижност при изборот на гуми.
За таа цел, направени се тестирања во реномирани тест центри и ставовите на производителите и организациите се поткрепени со научно докажани факти.
Францускиот производител Michelin креираше медиумска кампања под слоганот “Tires are not bananas” (“Гумите не се банани”) за да ги едуцира своите потрошувачи дека животниот век на гумите не започнува од денот на нивното производство, туку од моментот на нивно монтирање на автомобилот. Ова е пред се затоа што гумите претрпуваат најголем стрес додека се користат, а не додека стојат складирани во магацин.
Michelin вели дека заблудата за годината на производство на гумите може да биде и опасна бидејќи потрошувачите имаат тенденција да се фокусираат на тоа наместо да ги одржуваат гумите правилно по инсталацијата. Тие исто така може да изберат погрешни продажни салони засновани на нови примамливи акции наместо квалитетна услуга во сертифицирани сервиси. Значи, наместо да се фокусираат на годината на производство, Michelin вели дека возачите треба да обрнат внимание на правилна монтажа, одржување на правилен притисок во гумите, правилно порамнување, проверка на оштетувања и мерења на длабочината на шарите.
Слични насоки дава и корпорацијата Goodyear, која акцентот го става на начинот на складирање на гуми, наместо на рокот и годината на производство. Односно, според насоките на Goodyear новите, неупотребувани гуми, исто како и веќе користените гуми, треба да се складираат соодветно во магацини специфично направени за складирање на пневматици во кои гумите ќе бидат заштитени од секакви надворешни влијанија. Во вакви услови, квалитетот на пневматиците се одржува на високо ниво, независно од годината на нивното производство.
АвтовозачФер располага со специјализирани магацини за чување на нови неупотребувани гуми, како и на вонсезонски гуми оставени на чување во хотелот за гуми. Магацините се опремени по најсовремени стандарди според препораките на производителите со што се зачувуваат фабрички карактеристики на пневматиците.
Сојузот на Германската индустрија за гуми и Здружението на вулканизери на Германија тврдат дека пневматиците кои се продаваат во малопродажба се сметаат за нови доколку се стари до пет години. Сепак, овие организации не велат дека по истекот на споменатиот период пневматиците не смеат повеќе да се продаваат затоа што гумата е материјал кој што не губи од своите карактеристики така лесно.
Според Европското здружение на произведувачи на гуми и фелни (European Tyre and Rim Technical Organization – ETRTO), конечниот рок во кој гумите мора да бидат продадени не е точно дефиниран, но укажувањето е дека гумите кои се правилно чувани во фабрички или малопродажни магацини ги зачувуваат своите карактеристики долго после датумот на производство.
За пневматиците кои се во употреба односно монтирани на возило, без разлика дали се користат сезонски или постојано, производителите препорачуваат гумите постари од 10 години да бидат проверени од специјалист – вулканизер. Гумите трпат многу различни стресови за време на нивниот животен век на возилото. Понекогаш возилото може да не е исправно, или гумата да биде надуена или да има други оштетувања видливи, или невидливи со око. Патни пречки, удари на дупки, поплави, екстремни горештини во текот на летото, сето тоа го остава својот данок врз гумите.
Донесен Закон за дополнување на Законот за возила – Преку утврдување на сопственичкиот статус, односно во постапка на легализација, граѓаните да можат да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мотокултиваторите, мобилните машини, моторциклите…
25/04/2023
Со новиот Закон за дополнување на Законот за возила се дава законска можност на граѓаните (физички и правни лица) во дополнителен рок, кој вооедно е и правен основ да можат преку постапка за легализација, односто утврдување на сопственичкиот статус да станат сопственици на тракторите, тракторските приколки, мобилните машини, мотокултиваторите, птиколки за домување, како и возила од категориите О1, О2 и L и да можат да ги вклучат во сообраќајот на патиштата како безбедни за намената која ја имаат.
ЗАКОНОТ ЌЕ СЕ ПРИМЕНУВА ДО 30 Јуни 2024 год. !!!
За повеќе информации обратете со во Станица за технички преглед АВТОВОЗАЧ-Фер Делчево