“АНТИФРИЗ” е течност која се употребува за ладење на моторите со внатрешно согорување. Сите системи за ладење на мотори кај новите возила се наполнети со оваа течност.
Вообичаено за нашето поднебје, антифризот е подготвен да не замрзне на -36 до -40 степени целзиусови.
Овој податок е многу важен да се знае за да се избегнат тешки оштетувања на моторот (пукнатини на блок на мотор, глава на мотор) кои би можеле да се случат во текот на зимата при ниски температури. Точката на мрзнење може да се измери со уред, бесплатно во сервисот на Автовозач-Фер
Покрај тоа што го лади моторот, антифризот има и антикорозивно дејство т.е. ја штити внатрешноста на моторот од корозија. Со текот на времето, антифризот се заматува, потемнува, а тоа е знак дека го губи антикорозивното своиство. Доколку заматен антифриз се употребува подолго време може да дојде до затнување на водовите во ладилникот (моторот прегрева) или радијаторот за парно (нема греење во кабината).
Практично антифризот треба да се замени со нов доколку точката на мрзнење не е доволно ниска или доколку е заматен (потемнет).
Антифризот кај возилата се менува на секои 2 години или 4 години во зависнот од препораките на производителот на возилото и употребениот антифриз кој е најчесто со сина или зелена боја.
Антифризот со најчесто црвена боја е таканаречен траен антифриз (Long Live) и не се менува, освен во случаи кога е разреден со вода под дозволената точка на мрзнење или е заматен (потемнет).
Антифризот во трговијата може да се купи како концентриран (-80 ст.цел.) кој пред употреба треба да се разреди со вода или веќе подготвен за употреба (-40 ст.цел.).