Titanium Marbella – Парфем за автомобил – 500ml
Откријте го совршениот баланс на елеганција и свежина со автомобилскиот парфем Titanium Marbella, кој внесува софистицирана атмосфера во секој момент од возењето. Неговата уникатна комбинација од слатка ванила и сочна кајсија создава топол и привлечен мирис што освојува на прв здив.
Ванилата носи нежна, кремаста нота на удобност, додека кајсијата внесува овошна свежина и енергија, правејќи го секое патување незаборавно искуство.
Мирисни ноти:
Ванила • Кајсија
• На залиха
Brend: TITANIUM
Titanium Marbella е парфем за автомобил, но може да се користи и за дом, канцеларија, деловни простории и слично.
Испрскајте на секоја патосница по 1–2 прскања, а во багажникот 2–3 прскања. Не прскајте на кожни елементи, ниту на педалите за гас, сопирачка и спојка.
Парфемирајте го автомобилот еднаш на 24 часа, а по потреба и почесто.



