Контактирај не

Регистрација

Регистрацијата на возилата е постапка која опфаќа:

– Потврдување на техничката исправност на возилото (технички преглед)
– Осигурување од евентуални штети од возилото на учесниците во сообраќајот или предмети (со полиса за осигурување) и
– Запишување (ажурирање) на идентификационите податоци на возилото и неговиот сопственик во регистерот на возила на Р Македонија (преку шалтер на МВР)

Најважниот објективен фактор во безбедноста на сообраќајот е техничката исправност на возилата.

Регистрираните возила се смета дека се технички исправни имајќи предвид  дека ја поминале постапката за регистрација (опишана погоре).
Регистрираните возила се означени со пропишани регистарски таблици и имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и пробни таблици.
Регистрација на возилата се врши во местото на живеалиштето, односно седиштето на сопственикот или носителот на правото на користење на возилото.

Возилото се регистрира на име на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на име на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Времетраење на регистрацијата

Регистрацијата важи една година, што значи дека регистрацијата треба да се продолжува секоја година

Осигурување

Осигурителното брокерско друштво Нов Осигурителен Брокер е Ваш консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби.

Услугите на брокерот се бесплатни.

За повеќе информации посетете ја страната  www.nob.mk

Меѓународни документи

Возилото се одјавува во местото каде што е регистрирано

1. Го одјавува сопственикот на возилото, лично во службите на МВР
2. Потребни документи за одјава на возило се:
–  Барање за одјава кое се издава на шалтерите во Автовозач-ФЕР
–  Сообраќајна дозвола од возилото
–  Лично присуство на лицето кое го одјавува возилото пред службите на МВР
–  Регистарските таблички пред службите на МВР
–  Доколку се работи за правно лице кое одјавува возило, тогаш е потребно полномошно на лицето кое ќе ги одјавува регистарските таблички во име на правното лице.

Новиот сопственик го пријавува возилото во местото на живеење, додека потребните документи се следните:
–  Одјавена сообраќајна дозвола на која има заверка дека возилото е одјавено
–  Лично присуство на сопственикот
–  Барање за пријава

Упатот на атест може да настане поради неколку причини – вградување на плински уред во возилото, поставување на двојни команди, утврдување на техничките карактеристики на возилото, пренамена на возилото од патничко на товарно и обратно, и сл.
Што се е потребно да се направи за да се спроведе целата постапка:
–  Барање за атест кое се добива на шалтерите за регистрација во Автовозач-ФЕР
–  Сообраќајна дозвола од возилото
–  Записник за атест (се издава од страна на контролорите во Автовозач-ФЕР)
–  Упат за атест (се добива во МВР), до службеното правно лице лиценцирано за вршење на атест
По завршување на постапката на атест, лицето се упатува во Автовозач-Фер.

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.
      Издавање пробни таблички за нови возила
За ново возило може да се издадат пробни таблици во случај кога возилото е купено од салон за продажба на нови возила и треба да се допрати до местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.
     При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :
– Фактура со која се докажува сопственоста,
– Полиса за осигурување
– Хомологација
– Лична карта на сопственикот,односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.
     Издавање пробни таблички за стари возила
Пробни таблици може да се издадат и за стари возила кои биле со регистарски таблички на една општина и се продадени на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во друго населно место во Р.Македонија.
Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.
    При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи:
– Доказ дека вопзилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици)
– Договор за купопродажба
– Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,
– Полиса
– Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација

Под техничко експлоатациони услуги се подразбираат условите што моторните возила во зависност од видот на јавниот превоз треба да ги исполнуваат заради обезбедување на квалитетен и безбеден превоз.
Во зависност од видот на возилото и видот на јавниот превоз со правилник се пропишани условите и техничките карактеристики кои треба да ги исполнуваат различните видови на возила, при што им се издава потврда за техничко-експлоатациони услови.

Единечно одобрување на возила

Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува за сите нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија а за кои досега не е издадено типско одобрение од органот за одобрување на Република Македонија, односно од Бирото за Метрологија на Република Македонија.
При ова постапка низ практична проверка на возилото се утврдува дали возилото во моментот на увоз, односно преглед е во истата состојба во која било при излегување од фабриката. Ова значи дека треба да се утврди дали возилото во моментов ги исполнува сите технички барања и услови кои ги исполнувало кога ја напуштило фабриката. При тоа е потребно за возилото да се достави документ од кој јасно ке се види кои стандарди треба да ги исполни возилото, односно кои стандарди возилото ги исполнувало со оодбрениот тип. При постапката за единечно одобрување на возилото потребно е да се приложат копии од следниве документи за возилото од оригиналите кои се доставуват на увид:
– Странска сообраќајна дозвола,
– Доказ за платени царински давачки,
– Потврда за техничките карактеристики на возилото.
Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впишани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која начелно може да биде од повеќе извори кои се прифатени од органот за одобрување (Бирото за метрологија). Во овој момент извори прифатливи за Бирото за метрологија се следниве: производителот на возилото, Овластен претставник, застапник или импортер на возилата од тој производител во Република Македонија или независна институција која е во состојба да даде потврда за техничките карактеристики (во моментов тоа e TUV Munchen и TUV Rheinland).
По изврениот преглед согласно законските одредби техничката служба изготвува технички извештај врз основ на кој Органот за одобрување (Бирото за метрологија) издава единечно одобрение за прегледано возило во постапката за единечно одобрување на возило.
По издавањето на единечното одобрение техничката служба издава Потврда за сообразност со која возилото се упатува на технички преглед и регистрација.

Сподели со останатите !