Многу возачи се уште не ставиле летни гуми, а има и такви кои користат зимски гуми во текот на целата година.
Кај нас од 15 Март, согласно регулативата, повеќе не е потребно да се користи зимска опрема во сообраќајот.
Експертите и производителите на гуми советуваат употреба на летни гуми на температури над 15С°.
На повисоки температури, летните гуми обезбедуваат поголема безбедност, подобро управување, потпирање и помала потрошувачка на гориво.
Со изборот на вистински гуми и соодветно внимание кон нив, значително влијаеме на нашата безбедност и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Поради тоа се препорачува дека, без оглед на бројот на километри, со доаѓањето на топлите денови треба да се одлучите за летни гуми, а зимските внимателно да се складираат до следната сезона.
Како што сугерира нивното име, летните и зимските гуми се специјално прилагодени за возење под одредени услови и затоа се разликуваат како по надворешниот дизајн, така и по хемискиот состав на гумената смеса.
Зимските гуми на површината имаат дополнителни гумени шилци кои обезбедуваат подобра тракција во снег и мраз, а летните гуми на контактната површина имаат поголеми и посилни блокови кои во свиоци и при кочење помалку се набиваат. Таквата конструкција овозможува подобра тракција, подобро ракување и пократко растојание за сопирање, кое во критични ситуации може да биде одлучувачки важно.
Разликата во должината на растојанието за сопирање помеѓу зимските и летните гуми, на температура над 15С°, може да биде и до шест метри во корист на летните гуми, што е речиси една петина од патот за запирање на модерен автомобил, при кочење со брзина од 100 km/h.
Зимските гуми се значително помеки и затоа се однесуваат подобро на температура до седум степени. Но, ако возиме со нив во летната сезона, тие почнуваат да се загреваат, стануваат покрути и ги губат своите карактеристики. Под овие услови, во споредба со летните гуми, има многу повеќе абење и потрошувачка на гориво.
Со цел зимските гуми да ги задржат своите добри карактеристики следната сезона, покрај правилната употреба, исто така е важно и соодветното складирање.
Пневматиците за цела година (Аll Season) , како што е наведено со нивното име, наменети се за употреба во текот на целата календарска година и во сите услови. Тие се еден вид компромис и обично немаат така добри перформанси како зимските или летните гуми.