Често пати се случува возачите да се жалат на тресење на возилото при одредена брзина, како и бучава или зуење од патот. Ова се показатели за можна нарушена геометрија на тркалата за што е потребно центрирање на трапот на возилото.

Центрирањето на трап претставува усогласување на аглите на тркалата со цел тие да бидат нормални на подлогата, а истовремено да бидат и меѓусебно паралелни. Целта на ова подесување е подобро држење на правец на автомобилот на рамен пат и секако, зголемувањето на животниот век на гумите.

Имајќи ги предвид условите на нашите патишта, како и лошите навики на нашите возачи за качување на тротоари и преминување преку големи дупки, потребно е периодично да се врши преглед на состојбата на трапот, со што се обезбедува сигурно возење и правилно трошење на гумите.

Препораката е оваа проверка да се врши еднаш годишно или на поминати 10.000 км.