VT CarRepair - шаблон joomla Окна
Т. +38933411408  Е.info@avtovozacfer.mk  facebook 3 512
VTEM skitter
Автовозач - ФЕР е станица за технички преглед  и регистрација на сите видови на возила. Станицата ги исполнува сите државни и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на возила. Располага со најсовремени дијагностички апарати и уреди за утврдување на техничката состојба на моторните возила.
 

Покрај овие услуги, Автовозач-ФЕР Ви нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на  возила, и дополнителни услуги со кои се обезбедуваат комплетни и софистицирани решенија за сите Ваши потреби.

Станицата работи секој ден од понеделник до петок од 07:00 до 15:00 часот. Во станицата работи и референт од МВР задолжен за продолжување на регистрација, издавање на сообраќајни дозволи и регистарски таблички. Во самата станица за технички преглед можат да се уплатат сите давачки околу издавањето на таблици , сообраќајни дозволи, административни такси и налепници за регистрација.
 

Во станицата има и брокерско друштво каде можете да го осигурате Вашето возило, да направите каско осигурување или да извадите зелен картон.

Станицата е во целосна комплетентност во секој момент да може да одговори на вашите потреби.
 
Наши Вреднисти и Цел
 

Настојуваме да се издвоиме себе си преку постојано создавање на дополнителна вредност преку обезбедување на  врвна услуга – навремена, квалитетна и професионална, услуга која ја заслужуваат сите наши клиенти и корисници.

Се стремиме кон бескомпромисен квалитет на сите наши услуги, преку континуирана имплементација на најновите технологии и стандарди. Приматот и целта на Автовозч-ФЕР е брз и ефеикасен одговор на вашите барања со воспоставување пријателска атмосфера и блиска соработка со секој  наш клиент.