VT CarRepair - шаблон joomla Окна
Т. +38933411408  Е.info@avtovozacfer.mk  facebook 3 512
VTEM skitter
Регистрацијата на возилата е постапка која опфаќа:

- Потврдување на техничката исправност на возилото (технички преглед)
- Осигурување од евентуални штети од возилото на учесниците во сообраќајот или предмети (со полиса за осигурување) и
- Запишување (ажурирање) на идентификационите податоци на возилото и неговиот сопственик во регистерот на возила на Р Македонија (преку шалтер на МВР)

Најважниот објективен фактор во безбедноста на сообраќајот е техничката исправност на возилата.

Регистрираните возила се смета дека се технички исправни имајќи предвид  дека ја поминале постапката за регистрација (опишана погоре).
Регистрираните возила се означени со пропишани регистарски таблици и имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и пробни таблици.
Регистрација на возилата се врши во местото на живеалиштето, односно седиштето на сопственикот или носителот на правото на користење на возилото.

Возилото се регистрира на име на сопственикот, односно носителот на правото на користење (физичко или правно лице), а доколку возилото е сопственост на повеќе лица, се регистрира на име на едно од тие лица врз основа на нивна писмена спогодба заверена од нотар.

Времетраење на регистрацијата

Регистрацијата важи една година, што значи дека регистрацијата треба да се продолжува секоја година