VT CarRepair - шаблон joomla Окна
Т. +38933411408  Е.info@avtovozacfer.mk  facebook 3 512
VTEM skitter

Пробни таблици служат за привремено означување на возила кои уште не се регистрирани, или кои биле регистрирани, но од оправдани причини останале без регистарски таблици.

* Издавање пробни таблички за нови возила

За ново возило може да се издадат пробни таблици во случај кога возилото е купено од салон за продажба на нови возила и треба да се допрати до местото на живеење на сопственикот, односно седиштето на правното лице.
Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.

При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи :

- Фактура со која се докажува сопственоста,
- Полиса за осигурување
- Хомологација
- Лична карта на сопственикот,односно писмено барање доколку сопственикот е правно лице.

 

* Издавање пробни таблички за стари возила

Пробни таблици може да се издадат и за стари возила кои биле со регистарски таблички на една општина и се продадени на физичко лице или правно лице кое има живеалиште во друго населно место во Р.Македонија.
Во овој случај пробни таблици може да се издадат со важност до 5 дена.

При издавање на пробни таблици за нови возила подносителот на барањето треба да приложи:

- Доказ дека вопзилото е одјавено (сообраќајна дозвола одјавена, вратени регистарски таблици)
- Договор за купопродажба
- Лична карта или писмено барање доколку сопсвеникот е правно лице,
- Полиса
- Технички преглед доколку се работи за возило со помината регистрација