Меѓународни документи
Одобрение за управување туѓо моторно возило
Потребни документи
- Барање за издавање на одобрение за управување на туѓо моторно возило (за овластување од правно на физичко лице да се отпечати на меморандум на правното лице и заверено со печат)
- Сообраќајна дозвола од возилото
- лично присуство на сопственикот со документ за идентификација, или овластеното лице од правното лице (лична карта или пасош)
- Лично присуство на корисникот на возилото со пасош
Важност на одобрениетo
Одобрението важи една година од денот на издавањето, а по барање на овластувачот може да важи и пократко. Нема ограничувања за бројот на влезови и излези од државата.